Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави „големо изненадување“ на 5 јуни кога ќе се прославува „роденденот“ на партијата.
„На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, најави вчера Ахмети во Липково каде ДУИ ја започна постапката за избор на кандидати за градоначалници за локалните избори.
Медиуми шпекулираат дека партијата на Ахмети заедно со СДСМ ќе номинираат кандидат Албанец за градски татко на Скопје и потсетуваат дека во прилог на ова одат и поставените билборди изминатиот период со зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“.