„На 5 мај се одлучува помеѓу белото и црното, помеѓу иднината и минатото, интеграцијата и изолацијата, рамноправноста и моноетничноста, помеѓу перспективата и регресот, западот и истокот“. Бојкотот и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Бојкототот носи претседателска и парламентарна криза. Бојкотот го ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот ниту ќе обозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори“, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на коалициониот партнер во Владата ДУИ, Изет Меџити.
„Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот Договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел“, порачаа од ДУИ.
Албанците не се навикнати во првиот круг да гласаат за Македонец, но во вториот ќе испорашаме 80.000 гласови за заедничкиот кандидат, Стево Пендаровски, рече Меџити кој е и шеф на избониот штаб на ДУИ за поддршка на Пендаровски.