Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави влада на македонско национално единство какво што нема сега во владата од ДУИ реагираат дека тоа било ,,патетичен национализам”.

,,ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но, имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви. ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на оценката на ДУИ дека лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во својот настап во емисијата „360 степени“ манифестирал патетичен национализам.


Откако од владејачката ДУИ денеска реагираа на дел од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажани во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“, препознавајќи во нив „патетичен национализам“, попладнево возвратија од опозициската партија.

Во кратко соопштение од партијата велат дека секогаш кога некој говори за криминалот на ДУИ од Мала Речица се вадат на националистичка карта.

„ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но, имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви. ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат“,
се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Настапот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој тој на прашањето дали влада на широко македонско национално единство значи влада на „ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ минус ДУИ“, од партијата на Ахмети го оценија како обид на Мицкоски да си го подобри рејтингот во партијата бидејќи се соочува со негов драстичен пад и на недоверба кај повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ денеска наведоа и дека сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како скопската градоначалничка Данела Арсовска, но дека немаат храброст како неа да се спротивстават на „булингот кој им го прави Мицкоски“.

На овие наводи на ДУИ, од најголемата опозициска партија велат:

„ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт“

Инаку, денешната реакција на ДУИ и контрареакцијата од ВМРО-ДПМНЕ следуваат по синоќешното интервју на Христијан Мицкоски за „360 степени“ во кое тој потврди дека сѐ уште е за влада со широко македонско национално единство зашто сега, според него, има влада во која има сѐ освен македонско единство.

Прашан дали тоа значи влада на „ВМРО-ДПМНЕ плус СДСМ минус ДУИ“, тој вели дека тоа ќе го одредат граѓаните на изборите, но доколку се прашува ВМРО-ДПМНЕ, редно време е по 20 години, ДУИ да помине одреден период во опозиција. Тој не е убеден дека ДУИ ќе победи кај етничките Албанци, според бројките со кои располагаат во ВМРО-ДПМНЕ, пренесува 360 Степени.