ДУИ: До обвинител со Бадентер, а зошто да не е и Албанец

Обвинителот на новото Обвинителство да се избира со двојно Бадентерово мнозинство од Советот за обвинители, изјави денеска претеникот Артан Груби.

Според него, тоа не е ништо ново бидејќи и претходно,шефицата на СЈО Катица Јанева беше избрана со такво двојно мнозинство.

„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, рече Груби.