Европскиот сон и стремеж на нашите граѓани зависи од пратениците во Собранието и нивната храброст да донесат одлука за следните генерации, а не за следните избори, велат од ДУИ од каде ја повикуваат опозицијата да се приклучи кон формирање европски фронт и и сојуз за европска Македонија.
„Храброста и одлучноста во носењето одлуки се наградува од страна на граѓаните, но и од нашите евроамерикански пријатели“, велат од ДУИ.
Според соопштението од партијата, загрижувачки биле недвосмислените изјави на предводниците на опозицијата против европската интеграција и одбивањето на помошта од нашите меѓуранордни партнери, но од ДУИ се убедени дека пратениците и граѓаните не ги споделуваат изолационите и антиевропски ставови на нивните лидери, туку ќе одлучат храбро и мериторно за продолжување на европскиот пат.
„Во ВМРО ДПМНЕ има европски сили кои што не се поистоветуваат со ставовите на нивните моментални предводници и не сакаат да ги повторат истите грешки кога застанаа на погрешната страна.
Денешниот наратив, размислување и делување на опозицијата, за жал е ист како тој пред 6-7 години, кој што ја изолираше опозицијата меѓународно, но сепак тогаш опозициони пратеници смогнаа сила и храбост и се одважија на предизвикот при што денес, с.Македонија е членка на НАТО и преговара за членство во Европската Унија“, се вели во соопштението на ДУИ.
