ДУИ бара Албанец за гувернер на Народна банка!?

Партијата која не се согласуваше со изборот на актуелниот гувернер на Народна банка во 2011 година, веќе неколку месеци го подготвува поранешниот вицепремиер за европски прашања, Фатмир Бесими

За Бесими се вели дека е стручен кадар со големо искуство во областа, особено бидејќи веќе бил вицегувернер на Централната банка.

Претседателот Ѓорге Иванов официјално го предложи гувернерот на Народната Банка Димитар Богов да добие уште еден 7 годишен мандат. Иванов за ова се консултирал со сите релевантни бизнис, банкарски и академски фактори. Тој наведува дека Богов добро ја водел НБМ во изминатите години, што било позитивно оценето и во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија.

ДУИ отворено застана против предлогот.

Актуелниот мандат на Богов истекува на 21 мај.

За избор на гувернер на Народната Банка се гласа во Собранието со просто мнозинство.