Бројот на туристи во Европа летово се врати речиси на нивоата пред пандемијата, но големиот број туристи во летото 2023 година го врати проблемот со пренатрупаноста.

Истражувањето на агенцијата за изнајмување одмори „Холида“ го наведува Дубровник како најпреполн град со туристи во Европа, со 36 туристи на секој жител, пишува Индекс.хр.

Стариот град долго време се бори со тоа како да смести голем број туристи во неговите историски ѕидови – изградени за да ги задржат луѓето надвор.

Друга на истата листа, Венеција, е изложена на ризик од „неповратна“ штета делумно поради масовниот туризам, соопшти УНЕСКО. Агенцијата на ОН препорача градот да се додаде на листата на загрозено светско наследство.

Со масовното враќање на туристите се вратиија и случаите за лошо однесување.

Еден британски турист рече дека „не бил свесен“ колку стар Римскиот Колосеум кога бил фатен на камера како го врежа своето и името на неговата девојка на ѕидовите на амфитеатарот стар 2.000 години.

Во август, заменик-премиерот на Италија ја нарече група германски туристи „имбецили“ откако ја соборија статуата што беше дел од 150-годишната фонтана во Ломбардија.

Отворањето на Ајфеловата кула беше одложено едно утро во август, откако двајца пијани Американци решија да преноќат на знаменитоста висока 300 метри.

На некои градови, па дури и на цели земји им е доста од тоа.

Амстердам им забрани на бродовите за крстарење да се приклучуваат во неговото главно пристаниште.

Рим го ограничува пристапот до Фонтаната Треви и Шпанските скали.

Познатото шпанско место за аџилак Сантијаго де Компостела планира да воведе туристичка такса.

Посетите на некои места, како што е куќата на Ана Франк во Амстердам или Тајната вечера на Леонардо Да Винчи во Милано, мора да се резервира неколку недели однапред.

Во јуни, Франција објави планови за нова стратегија за регулирање на летниот метеж што ја загрозува „екологијата, квалитетот на животот на локалните жители и искуството на посетителите“.

Иницијативата на владата ќе има за цел да ги идентификува местата кои се ранливи на прекумерен туризам и да ги охрабри луѓето да ги посетуваат надвор од шпицот на сезоната или наместо тоа да посетуваат места надвор од вообичаената рута…