Дуа Липа ги повика Албанците во САД да гласаат за Бајден (ВИДЕО)

Британската пејачка со косовско потекло Дуа Липа ги повика Албанците од САД на претстојните претседателски избори да гласаат за кандидатот на демократите Џо Бајден.

Во видео порака на Фејсбук-групата „Албанци Американци за Џо Бајден“ таа рече дека „Бајден беше покрај нас кога Косово се соочи со хуманитарна катастрофа“.

„Вашиот глас никогаш не бил толку силен. Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата верба и вербата на Камила Харис во демократијата и во меѓународните институции е тоа што денес им е потребно на САД и на целиот свет“, објаснува Дуа Липа на снимката, повикувајќи ги Албанците да бидат дел од промените „кои ни се толку потребни“.