Партијата ,,ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ – ДСР”, реагира на навредливото однесување на бугарски граѓани кои во обид да ги навредат Македонците на граничниот премин Крива Паланка ги нарекуваат ,,Цигани”.

,,И денес на одбележувањето на 151 годишнината од смртта на Гоце Дечлев, не се пропушти а да не се навреди Ромскиот заедница во Македонија. На видеото што се појави низ медиумите, јасно се гледа како Бугарски граѓани и новинари на граничниот премин Деве Баир, со висок тон и недолични зборови се обраќаат кон припадниците на македонската полиција со зборовите:,,САКАМ ДА ОТИДАМ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, А ВИЕ ТУКА ЦИГАНИ МИ ПРАВИТЕ ПРОБЛЕМ ДА ВЛЕЗАМ,,.

Партијата Демократски сили на Ромите – ДСР, силно го осудува ваквиот недоличен начин со простачко и расистичко однесување од страна на Бугарскиот граѓанин, но и на било кој поединец кој се обидува да ја навреди Ромска заедница.

Очигледно Ромите се споменувани само во лоша конотација, а во последно време тоа е се почесто.

Со оглед на тоа дека во Македонија се иницира влез на Бугарите во уставот на Македонија, бараме јавна осуда на овој настан и ова однесување од страна на Љатифе Шиковска, која е пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.

Бараме јавно да се огради од гласање на уставните измени, поради навредата која е направена кон Ромскиот народ.

Исто така, очекуваме во одбрана на своите сограѓани Роми, да застанат и Министерот за надворешни работи, г-динот Бујар Османи и премиерот г-динот Димитар Ковачевски, како и сите Ромски партии кои се во коалиција со актуелната влада, бидејќи Ромите се составен дел од оваа Држава.

Од ова видео јасно се гледа како Бугарскиот народ и држава ги третираат и навредуваат Ромите со ширење на национално – фашистичка омраза, за жал во XXI век”, се вели во соопштението на партијата Демократски сили на Ромите – ДСР која реагира на расизмот од страна на бугарски граѓани.

Видеото во кое се користи зборот ,,цигани”

Поврзани вести

Бугарски портали: Македонските полицајци го тепаа бугарскиот пратеник Георгиев