„Езерото е градено со самопридонес на граѓаните на Скопје и никој друг нема право да располага со него“, велат од Демократскиот сојуз од каде бараат Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Скопје, да ги преземат сите законски мерки за да спречат Езерото Треска да се одземе од Скопјани.



Владата да ги активира државните институции за да спречат уништување на езерото и претварање на истото во градилиште и профит на урбаната мафија, бара ДС.

„ Независно какви се постапки се спроведени, граѓаните на Скопје на референдум одлучија да се гради, за тоа платија и никој друг на смее локацијата да ја пренамени и да ги лиши граѓаните од рекреативен центар толку потребен на сите“ – велат од Демократскиот сојуз.