Демократскиот сојуз смета дека отворањето на Уставот со цел на внесување на Бугарите не може да се случи, а притоа да се заборава дека Македонците во Бугарија немаат право да се самоорганизираат.
„Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби.
Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.
Од партијата со која раководи Павле Трајанов велат дека кај граѓаните воземјава постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата, но и дека власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
