Бугарија со смислена провокација пред Илинден, националниот празник на Македонците и Македонската држава, со резолуција сака да го бугаризира Илинден велат од Демократски сојуз.
Партијата на Петков поднесе Декларација: Илинденското востание е бугарско!
„Во услови кога ДУИ и СДСМ започнаа постапка за уставни промени, со цел Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, Движењето за промени на Кирил Петков (наводниот демократ), тргна по патот на Каракачанов, предлагајќи Бугарскиот Парламент да донесе Декларација со која Илинденското востание ќе го прогласи за бугарско.
Оваа Декларација покажува дека уставните промени нема да го отворат европскиот пат за Македонија, туку ќе се искористат за поагресивна антимакедонска кампања, негирање на македонскиот народ, јазик, историја и култура.
Македонската дипломатија предводена од ДУИ, ги загрозува нашите национални и државни интереси, поради што се неопходни коренити кадровски промени“ велат од партијата на Павле Трајанов.
Од демократскиот сојуз уште велат дека само со признавање на правото на здружување на Македонците во Бугарија, можно е да очекуваме промени на подобро.
