Генерален штрајк е во сила во Државниот испитен центар во организација на Синдикалната организација во институцијата. Поради тоа што не добиле согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, сите вработени кои инаку се и членови на Синдикатот, учествуваат во штрајкот.
„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура“, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.
Ако, Министерството за финансии, како што велат, итно да даде согласност на веќе потпишаните измени на колективниот договор со кои вработените би добиле достоинствени плати. Во овој момент 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари, дополнуваат од таму а утре, претставници на СОДИЦ-СФДМ најавија повеќе детали утре во изјава за медиумите.