Компјутерската фирма „Дуна“ која што го доби поништениот тендер за набавка на софтвер за веб сајтот на Државната изборна комисија не потпишала Изјава за сериозност, ниту пак ги исполнила трите минимални услови, според жалбата што ја прифати Државната комисија за жалби по јавни набавки, дознава СакамдаКажам.

Државната изборна комисија објави оглас за јавната набавка на 12 февруари 2020, а до крајниот рок на 16 март 2020 понуди доставиле фирмите „Дуна“ и „Ај Воут“, која го правела софтверот за сите претходни избори од 20о6 до 2109.

Комисијата за јавни набавки во ДИК на 24 април предложила на тендерот да биде избрана „Дуна“ и предлогот бил прифатен од одговорното лице во ДИК. Незадоволни од одлуката, „АјВоут“ истиот ден поднеле жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, која што  жалбата ја оцени како основана и го поништи тендерот…

По поништувањето на тендерот, набавката на софтверот е спроведена со преговарање без објавување на оглас, а како најповолен понудувач пак беше избрана фирмата „Дуна“.