Државна институција украде туѓа новогодишна честитка

Твитерџии го фатија „Фондот за иновации“ како украл туѓа новогодишна честитка и ја прикажува како своја.

Честитката е објавена на интернет и авторите замолуваат при нејзино објваување да се наведе изворот но освен што Фондот за иновации ја иакористил без прашање не го наведува ниту изворот.

Откако летоска „Фондот за Иновации“ беше фатен како доделува пари на лажни иноватори односно фирми на луѓе од владата или нивни блиски сега оваа државна институција која доделува милиони евра се најде и во “копи рајт” скандал.

Да не беа твитерџиите никој немаше да види дека ФИТР сега украле туѓо авторско дело наместо да се иновативни и да направиле сами честитка.