Вкупно 392 нови патнички возила набавиле државните институции за 2,5 години за што биле потрошени 8,1 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето и базата на податоци што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
„Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра“, покажуваат податоците, пренесува “Плусинфо“.