Познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска на социјалните мрежи пишува дека држава во која од Академијата за судии и обвинители не гледаат „ништо спорно” во тоа што било пракса со молба да се дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет, во која државен факултет за завршени 3 години давал потврда како за завршени 5 (во над 400 случаи потврдени од инспекторатот) и во која чуваме документи за положен правосуден пократко од што чуваме сметки за струја, вода и парно, никогаш, ама ни-ко-гаш нема да биде правна држава.

„Следно на темава можеби ќе се навратиме кога детето ќе стане судија. И толку ќе биде“, пишува таа.