Дронови пак летаат над Москва, Русија вели – тоа е тероризам

Најмалку две беспилотни летала (UAV) се соборени над руската престолнина Москва, јави Гардијан.

Едниот бил соборен во областа Домодедово, а другиот во областа на автопатот кон Минск.

Украински дрон пак погоди зграда во Москва

Нема информации за жртви, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, цитиран од ТАСС.

„Имаше обид за прелет над градот со два борбени беспилотни летала. Двата беа соборени од силите за воздушна одбрана“, напиша тој на каналот Телеграм.

Министерството за одбрана на Руската Федерација (МО) подоцна ја потврди веста за нападот и соборувањето на борбените беспилотни летала.

„Обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала е спречен синоќа над територијата на Московскиот регион. Два летала се уништени од системи за противвоздушна одбрана, се вели во соопштението.

Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, „како резултат на спречен терористички напад нема жртви и нема штета“.