Дрон пак погоди зграда во центарот на Москва

Дрон удри во зграда во централниот дел на Моксва, изјави градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, биле обиди за уште два напади, но руските воздушни одбранбени сили успеале да соборат два беспилотни летала над областите Мозаиск и Кимки лоцирани во московската област.

Нема информации за можни жртви и официјално никој не ја презел одговорноста за тие напади, но официјална Москва не се сомнева дека организатор на нападот е Украина. Од друга страна, официјален Киев засега не ги коментираше нападите врз Москва кои станаа речиси секојдневни.

Поради напади со беспилотни летала, сите аеродроми во Москва се повторно затворени, што е шести ден по ред.

Американскиот Стејт департмент реагираше со изјава дека не ги одобрува украинските напади врз територијата на Русија.