Германската полиција вчера привела 48-годишен маж од Македонија, во чие возило открила дрога вредна половина милион евра.
Македонскиот државјанин со живеалиште во Шлаерфандел во Горна Баварија се враќал од Македонија и бил запрен на автопатот А8 кај Раублинг во областа Розенхајм во јужниот дел на Германија.
При контролата на возилото биле пронајдени 8,8 килограми кокаин.
Возачот е приведен под обвинение за внесување во земјата на дрога
за продажба во не многу големи количини.