Дрецун: Не е само идеја, коцептот за „Голема Албанија“ се реализира!?

Претседателот на Комисија за Косово во српскиот парламент, Милован Дрецун, предупреди дека веќе не се работи за великоалбанската идеја, туку за нејзина реализација, објави Б92.

Тој ги коментираше последните случувања во врска со Косово и Метохија, како и посетата на премиерот на приштинските институции, Албин Курти, на Тетово, каде беа истакнати симболите на „Голема Албанија“.

Според него, проблемот не се само ставовите на Курти, туку реализацијата на тој концепт.

Дрецун во гостувањето на РТС рече дека не е изненадувачки недостатокот на реакција на меѓународната заедница за настаните во Тетово и додаде дека проблемот не се само ставовите на Курти, туку тоа што тој напорно работи на реализација на концептот на Голема Албанија.

Доколку се случи Косово да стане членка на ОН и со тоа да добие меѓународен правен субјективитет, никој не би го спречил завршувањето на проектот „Голема Албанија“, при што со тоа Северна Македонија и Црна Гора би се распаднале, смета Дрецун.