Драматично видео од Кочани, две лица со тешки повреди лежат на улица (ВИДЕО)

Видео снимено пред три дена во Кочани прикажува драматична ситуација во која две лица лежат раскрвавени на улица по конфликт со сограѓанин.

“На 30-04-2021 во 17:00 часот Крвава пресметка во социјалната зграда во Драчевик Кочани. Кочани небезбеден град за живеење, банана полиција во Кочани” , напиша во врска со инциденти на Фејсбук претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.

Еден од учесниците неофицијално по 10 години затвор излегол и под дејство на наркотици влегол го судир со сосед.

Пред дваесетина дена Кочани беше место на меѓуетнички инцидент меѓу две групи граѓани кои се судриле откако било претепано дете што крадело во соседна населба.

Веднаш потоа родителот на детето на Фејсбук објави видеа со нож и оружје заканувајќи се дека ќе сече парчиња од луѓето што го претепале синот.

Видеото содржи слики што можат да ве вознемират

Постот на Демировски овде

Видеото е распространето и на други социјални мрежи