До 15 часот од обработените 95, 67 проценти, гласале 30,34 проценти од гласачите во вториот круг на претседателските избори, соопшти на својата трета прес конференција Државната изборна комисија.
За споредба до 13 часот гласале 367.692 гласачи или нешто над 20 проценти.
Затоа занрдините два часа гласале над 130.000 граѓани.
Најголема излезеност има во Македонски Брод, Крива Паланка и Демир Капија, а најмала во Желино , Боговиње и Центар Жупа. На овие избори право на глас имаат 1.808.131 гласачи.