Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Антони Пешев со драматично обраќање на состанокот на Националниот совет за евроинтеграции.

Пешев во дел од своето обраќање зборува за пропаст на македонската економија, за набавката на струја, за отпуштање на работници и за незаинтересираноста и неефикасноста на политиката да се решат проблемите на бизнисот.

Пешев во говорот најавува дека ЕУ наскоро ќе проговори јавно против проектот Отворен Балкан кој е поддржан од САД.

Пешев беше министер за транспорт и врски во првата владата на Бранко Црвенковски но си даде оставка од морални причини по падот на авионот Фокер 100 на компанијата Палер во 1992 година во кој загинаа 79 патници и 4 членови на екипажот. Преживеаа 14 луѓе.

Дел од драматичниот говор на еден од ретките членови на македонските влади кој дал оставка од морални причини во линкот подолу.

https://www.linkedin.com/posts/economic-chamber-of-macedonia-71aa2282_%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D0%BD-activity-6993176978073767936-6AVI?utm_source=share&utm_medium=member_android