,,Drama queen” и се сили на Македонија а молчи пред француските и турски газди на ТАВ

Косовската претседателка Вјоса Османи бара кавга со Македонија а молчи пред француските и турски газди на ТАВ.

За разлика од демаршот упатен до официјално Скопје во кој се бара извинување досега ниту косовското министерство за надворешни работи ниту кабинетот на косовската претседателка Османи не побарале извинување или објаснување од менаџментот на компанијата ТАВ каде се случил инцидентот во кој обезбедувањето на Османи предизвикало инцидент на скопскиот аеродром.

Османи која ја нападна Македонија за инцидентот во која таа е виновна и според косовски претставници не бара ништо од француската компанија Групе АДП и турската компанија Тепе Инсаат кои имаат над 95 % од сопственоста во компанијата ТАВ која е сопственик на Скопскиот аеродром.

Претходно ТАВ Македонија објави дека нивните вработени не ги прекршиле процедурите и меѓу редови посочи дека виновна е Османи односно нејзиното обезбедување што не беше демантирано од кабинетот на косовската претседателка.

Потоа наместо таа да се жали и да го напаѓа француско – турскиот конзорциум таа се нафрли врз Македонија што предизвикува критики од западни дипломати во регионот кои Османи неофицијално ја нарекуваат ,,Драма Квин” поради нејзиното неискуство и обидот од секоја ситуација да направи дипломатски инцидент.

Според дипломати Османи соочена со моќта на земјите кои стојат зад француската и турската компанија се обидела со напад врз Македонија да направи поени пред својата јавност.

Дел од нив сметаат дека ако е во право таа може да ја тужи ТАВ Македонија но таква најава засега нема затоа што и во нејзиниот кабинет знаат дека целата ситуација е смешна и непотребна.

На 1 август, Османи летала со „Виз ер“ за Љубљана. Унгарската нискобуџетна компанија нема свој претставник на аеродромот, но обезбедувањето на операторот на скопскиот аеродром ТАВ инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР): „Едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице – полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши со уште две лица (полициски службеници) и почнал да им се заканува на вработените во ТАВ, да бара кој ѝ направил проблем на претседателката Османи. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“.