Драга тетка Европа…

Ти пишувам во име на твоите сиромашни роднини од Западниот Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија. Ги знаеш – непослушните.

Пројде време. Треба да разговараме.

Пред четиринаесет години, во Солун, дадовме свечена заклетва дека еден ден, во не многу далечна иднина, на сите нас ќе ни биде дозволено да се вселиме во твојата голема куќа во Брисел и како еднакви да седнеме на масата.

Се што треба да направиме, како што тогаш ни кажа, е да се прибереме: да бидеме фини со тебе, да научиме да си играме едни со други, и да научиме манири за да не те срамиме пред гости.

Меѓутоа наградата никогаш не дојде. Деценија по Солун, само Хрватска ја доби посакуваната покана, и од кога влезе, веднаш ги прекина сите врски со нас. Сега таа се преправа дека е дел од “јужно-централното европско-медитеранско” потекло, а зборот “Балкан” ги нема прекорачено нејзините усни.

Како што постепено сфативме дека ти не сакаш вистински да ти се приклучиме, така полека почнавме да се опуштаме. А ти изгледаш како да не нè примети.

(…)

Уште те сакаме и чезнееме. Ама ти покажа, пак и пак, дека единствен начин да ти го привлечеме вниманието е да направиме што е можно поголем проблем од самите себе. А допрва почнуваме.

Немој да кажеш дека не си била предупредена. Искрено твој,
Западен Балкан.

\Извор: Off.net.mk