Само ако целосно се расветли случајот и има одговорност за скандалот на Онкологија може да се врати довербата во македонското здравство која граѓаните ја загубија.

„МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите. Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство“, рече рече во гостување на Канал 5 микробиологот др. Никола Пановски.

Според него, лошата ситуација во македонското здравство е резултат, пред сè, на партизацијата.

„Партиското поставување на директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби. Се поставуваат целосно несоодветни кадри, со несоодветни струки за директори на клиники.

Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви“ – рече Пановски, одговаррајќи на прашање за можноста да се подобрат состојбите во македонското здравство.