„Конзумирањето на пиперките кои се вратени од Хрватска, поради траги од присуство на овој карбамат е исто толку штетно колку и јадењето на било кој друга пиперка, прскана со било кој друг пестицид“ , тврди докторот и поранешен директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски, по веста дека македонски пиперки со забранет токсичен пестицид биле увезени во Хрватска.
Беќаровски вцели дека одлуката на Хрватска е во согласност со регулативата на ЕУ, која пред сè служи за заштита на економските интереси на ЕУ и нивното производство со нивни пестициди.
„Да бев премиер на Македонија, вратениот контингент бесплатно ќе го поделев на социјалните слоеви на граѓани, кои поради високите цени овој производ се повеќе само го гледаат, а не може да си дозволат да го купат“, додава Беќаровски кој се огласи со свое стручно мислење на Фејсбук.

