Во изминатите години кај нас фокусот на промените во образовниот систем е ставен на основното и средното образование, додека образованието за возрасни се обидува да го избори своето место преку неформалната едукација.

Сепак, доживотното учење не е само потреба туку и начин на живот во многу земји во светот. Тоа обезбедува активни граѓани, поголема вработливост како и поголема свесност за потребите на заедницата односно општествена вклученост на граѓаните во секојдневното функционирање на заедницата.


Постојаната едукација и доедукација на луѓето го прави едно општество силно и конкурентно со новите трендови и технологии. Искуствата од Летонија зборуваат дека во рамките на локалната самоуправа постојат т.н. координатори за образование на возрасни кои своите секојдневни активности и задачи ги насочуваат кон поддршка на возрасните во процесот на нивна континуирана едукација во рамките на нивните општини и места на живеење.

Од неодамнешното истражување спроведено паралелно во Летонија и кај нас за вештините и потребните компетенции, координаторот за образование на возрасни е потребно да ги поседува следните вештини и компетенции:
Способност за комуникација и соработка (76.9%), Вештини за комуникација и изнесување аргументи (61.5%), Способност за превземање иницијатива и донесување одлуки (57.6%), Разбирање засновано на етичност и толеранција (57.6%), Организациски вештини и вештини за планирање (46.1%), Способност за учење по сопствен интерес (46.1%) и т.н.

Автор: Самеримпекс Импулси, јануари 2022

Гледајќи 5-10 години во иднина, учесниците во истражувањето вклучени во образование на возрасни сметаат дека најважни работни задачи ќе бидат:

Да се идентификуваат целните групи, нивните потреби и ограничувања и развивање на индивидуални понуди за едукација (65.4%);
Спроведување на мерки за развој на образованието на возрасни (61.5%);
Редовно унапредување на знаењето поврзано со теми за образование на возрасни и поврзаните законски одредби (61.5%);

Промоција на културата за доживотно учење (61.5%);

Утврдување на потребите за едукација (57.7%);

Соработка со локалните власти и владини институции (57.7%);

Обезбедување на поддршка со споделување на информации за различни можности за едукација (53.8%);

Активирање на возрасните, ако е неопходно, преку обезбедување на индивидуална поддршка (38.5%);

Дополнително, добрите практики и искуството кои можеме да ги превземеме од Летонија, можат да допринесат за воспоставување на нова улога во рамките на локалната власт со што ќе се обезбеди доближување до потребите на граѓаните и воедно ќе може локалните власти да понудат содржини и услуги за доживотно учење и образование на возрасни.

Истражувањето претставува дел од проектот во рамките на Erasmus+ програмата KA210-ADU за мали партнерства во делот за образование на возрасни именуван како “Промовирање на нови можности за образование на возрасни на локално ниво (Adults@local)” (Бр. на проект 2021-1-LV01-KA210-ADU-000034001).