Доживотен затвор за тројца од обвинтетите во „Монструм“

Халил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ добија доживотна казна затвор во денешната првостепена пресуда од Кривичниот суд за петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012.

Хаки Азири за помагање е осуден по пет години затвор за секое дело, односно на 9 години, во кое му се смета и времето поминато во притвор, односно затвор.

Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор, заедно со времето поминато во затвор и притвор.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.