Довербата паѓа: Радев загрижен за владата на Петков

Она што сега се случува е губењена довербата на Владата во јавноста,намеесто Кабинетот на Петков да спроведува долгорочни, одржливи решенија, оцени бугарскиот претседател Румен Радев.

Сопоред него, кризите во кои се наоѓа Бугарија се тешки – „тешка економска, тешка социјална криза. Но, најважно е да не дозволиме криза на доверба. Затоа што ниту една влада не може да ја извлече земјата од тешки кризи без доверба“ вели Радев според кој „ прортестите кои се случуваат во Бугарија значат дека „овој недостиг на доверба се продлабочува“.
А планираните протести и колку луѓе ќе одат на нив ќе бидат најјасен показател дали има криза на доверба во владата, вели бугарскиот шеф на државата.