Досега само еден пријавен за наследник на Заев

Само актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски засега е единствениот член на СДСМ кој најави кандидатура за претседател на партијата по оставкатаљ на Заев/

За КОвачевски, како можен населеник се шпекулираше4 минататља недела кога тој се појави на средбарља Заев-Амети околу можноста за создавање ново парламентарно мнозинство.


Тој сè уште официјално ја нема поднесено својата програма. Крајниот рок за номинации е 3-ти декември. Ковачевски во интервју за „Утрински брифинг“ рече дека доколку биде избран ќе се фокусира на борбата против корупцијата, управувањето со економската и здравствената криза и интеграциите во ЕУ.AdvertisementsНајекспонираните партиски функционери поединечно потврдуваат дека нема да се кандидираат за наследници на Зоран Заев. По министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, и министерката за образование и министерот за здравство потврдија дека не сакаат да дојдат на позицијата прв човек на социјалдемократите.

Внатрешните избори на СДСМ ќе се одржат на 12 декември. Членовите ќе имаат право да се кандидираат за избор на претседател, кој ќе претседава со нив во следните четири години. Следниот претседател на социјалдемократите ќе биде и иден мандатар за премиер.

На минатогодишните внатрепартиски избори во воведени за прв па во оваа партија, имаше само еден кандидат за претседател на СДСМ и со мнозинство беше избрасн Зоран Заев.