Бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија, чија цел беше полицијата во пакистанскиот град Пешавар, се зголеми на 89, соопштија денеска официјални лица.

„Најмалку 89 луѓе ги загубија животите, изјави за ДПА Ајаз Кан, портпарол на локалната полиција.


Над 22 лица се ранети во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во преполната џамија лоцирана во зоната со високо обезбедување до полицискиот штаб.

Најмалку 10 од ранетите се во критична состојба, изјави портпаролот на болницата.

Во текот на ноќта, најмалку 10 тела беа извлечени од под остатоците на урнатиот ѕид и покрив на џамијата.

Нападот беше еден од најсмртоносните во земјата во изминатите години и беше извршен за време на попладневните молитви.

„Тоа не беше ништо помалку од напад на Пакистан“, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот во Пешавар, лоциран во близина на границата со Авганистан.

И пакистанските талибанци и терористичката милиција Исламска држава во минатото ги напаѓаа верниците во џамиите.