Дописник на Вол Стрит Џурнал за “европскиот парадокс” Македонија

Дописникот на влијателниот американски весник од Берлин не може да ги разбере двојните стандарди на ЕУ во однос на правото на самоидентификација на две различни лични чувства, националното и половото.

“Она што е интересно за ќор-сокакот во Н.Македонија: ЕУ сега целосно прифаќа дека пристапните преговори се блокирани заради начинот на кој Македонците се самоидентификуваат како нација. Во исто време, поголемиот дел од ЕУ се насочува кон законско прифаќање на самоидентификација на половите. Европски парадокс”, пишува во личен став дописникот на WSJ од главниот град на Германија Бојан Панчевски.