Лице со симптоми на грип се наоѓа на Инфективната клиника, каде што се прават теститирања за коронавирус, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Станува збор за лице кое пред неколку дена допатувало од Дубаи, каде што престојувал шест дена.
„Пред неколку часа е примен еден пациент кој минал шест дена во Дубаи, има симптоми на грип и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче и додаде дека се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус.
Министерот апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.