Јован Донев, поранешен амбасадор во гостувањето во емисијата „24 Отворено“ рече дека Зоран Заев не дојде на власт за да ја внесе Република Македонија во ЕУ.
„Договорот со Грција не е билатерален договор за да го решиме течењето на реката Вардар, тоа беше договор во којшто требаше да го смениш името за да ти отпочнат преговори.
Пред потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија најмалку 10 луѓе укажуваа на грешките и последиците што ќе се случат“, потсети Донев.
Според него, пред да се потпише се потпише договорот со Грција, Заев требал да побара меѓународни гаранции од земјите членките на НАТО.
Донев смета дека и Договорот за добрососедство со Бугарија е проблематичен зашто официјална Софија не го признава македонскиот јазик.