Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец.

Едногласно беше одлучено утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.

Градоначалникот,Филип Темелковски, најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата „КВК“ според името на актерката и поранешна градоначалничка на оваа општина, Билјана Беличанец.