Доминација и дезинтеграција: Лоша порака од Берлин за Малиот Шенген

Лоша порака од Берлин за идејата на Заев, Вучиќ и Рама околу иницијативата Мал ШЕНГЕН или Отворен Балкан.

Директорот на Европскиот институт за Балканот и екс пратеник во Бундестагот од редовите на ЦДУ на Меркел Стефан Шварц вели дека Мини Шенген е веќе видена и лоша работа во која Србија и Албанија ќе доминираат врз Македонија и други помали земји.

“Тоа е лоша идеја. Концептот на тројца пријатели, во кој едниот е помал, а двата големи одат на зделки со кој и да можат ако тоа одговара на нивниот личен и политички профит. Тоа е пат кон доминација и идна дезинтеграција. Го видовме во минатото”, смета Стефан Шварц, влијателен член на ЦДУ и директор на Европскиот Институт за Балканот.

Тој е почесен граѓанин на Сараево а 30 години е вклучен во политичките процеси на Балканот.