„Должност е да испорачате“, ќе ѝ каже Заев на Меркел

„Испорачавме, должност е да испорачате“. Ако не се испорача, не очекувајте Вучиќ и Тачи да бараат договор“. 

Ова ќе ѝ го каже премиерот Зоран Заев на Ангела Меркел на средбата која треба да се одржи во четврток.

Одговарајќи на прашање во вечерашното гостување на Телевизија 24 Заев дополни и дека ќе ја предупреди германската канцеларка:

„Ако не испорачате, може да го отворите патот за влијание од трети земји и трети страни. Знаат и самите дека можат да го вратат национализмот, радикализмот. Тоа е причината зошто сметам дека ќе испорачаат“ рече Заев.