Долго очекуваната меѓународна онлајн Жива библиотека ќе се случи оваа сабота

Ова посебно издание ќе биде во фокусот на 13 „живи книги“ кои ќе ги раскажат своите животни приказни, ќе ги споделат своите искуства и професионални видувања и ќе ги потврдат стремежите за кршење на бариерите, зближување на заедниците од различни земји и надминување на различностите преку личните примери. Настанот е воедно и пример за промоција на мултикултурализмот спојувајќи ги на едно место истовремено јазиците на 8-те земји учеснички (македонски, српски, албански, чешки, словачки, полски и унгарски) на кои, покрај англискиот, ќе говорат „живите книги“.

Запознајте се одблизу со дислексијата, првата градинка на отворено во Македонија предводена од двајца млади претприемачи, специјалитетите од Балканот собрани на едно место, Slow Food & Slow Wine филозофијата на живеење, рушењето на стереотипите за жените и технологијата, можности за Еразмус+ проекти за млади, секогаш интересната тема за екологија, откривање на нови професии на 21 век преку кариерното советување и уште неколку други.

Настанот е од отворен карактер, прикладен е за сите возрасти и секој заинтересиран може да се приклучи преку следниот линк:

Link: https://us02web.zoom.us/j/85016721547?pwd=WnFlaDhyTlhIeXZHTDBNbmhzOVE3dz09
Meeting ID: 850 1672 1547
Passcode: 552208

Онлајн Жива Библиотека е во организација на Mission Reconnect од Чешка во соработка со Асоцијацијата на Советници за развој на кариера од Скопје и 6 други партнер организации од Словачка, Полска, Унгарија, Србија, Косово и Албанија, со финансиска поддршка на Вишеградскиот Фонд.