Еден од водечките онколози во Македонија доктор Милан Ристески кој неретко го критикува актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дава свој став за судирот Мицкоски – Груевски.
Според Ристески ВМРО-ДПМНЕ е единствениот столб на македонската нација и затоа се неважни препирките во партијата.
,,Кратко и јасно – нема попуштање под уцена!!!
Ако некој мисли дека членството во ВМРО е само симпатии кон Никола Груевски или Христојан Мицкоски, длабоко се лаже!
Идеологијата на сакање на татковината и почитувањето на националните вредности се неприкосновен императив!
Џабе е целиот циркус, едноставно, мене ништо не ми менува, ВМРО е единствениот столб на националното ткиво”, пишува Ристески за судирот меѓу екс и актуелниот лидер во кој Никола Груевски е обвинет дека соработувал со СДСМ и ДУИ за уставните измени.