Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи предуѕпреди на опасноста која му се заканува на Скопје од ОХИС, каде има 14-тонска цистерна со винилхлорид.

“Додека сте насекирани за Бејрут:

Во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје поголема штета од Бејрут.

Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град”, сподели Лазаров на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10219447433475712