“Доктор Ацо” е рецептот за победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

Иако долго веме се шпекулираше дека ВМРО-ДПМНЕ во Кичево ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците и Алтернатива најголемата македонска партија во овој град го кандидира лекарот Александар Јовановски.

Јовановски е еден од ретките македонски политички активисти во десниот блок кој е во брак со Албанка.

Својата кандидатура лекарот ја објави на националниот празник 8 септември.

“Почитувани сограѓани, чест ми е на овај убав празник на нашата заедничка татковина Р. Македонија, да ви се обратам и соопштам официјално дека ќе бидам кандидат за градоначалник на Кичево на претстојните локални избори.

Јас сум Д-р. Александар Јовановски, сопруг на Lindita Linchi Jovanovska со која имаме три дечиња:Јана(6 г. ),Живко(4 г.)и Дафина(1 месец)😊

Голема е честа, но уште поголема е обврската да си градоначалник во нашиот град каде живеат луѓе од сите етнички заедници и различни вероисповеди.Токму затоа ќе бидам градоначалник од сите и за сите луѓе во нашиот град.

Знам дека е тешко, знам дека има големи комунални проблеми, но за среќа имам сопруга која ми дава дополнителна сила и поддршка и кога ми е најтешко ме бодри со зборовите “cdo gje do behet mire beso ne Zot” – (се ќе биде добро со верба во Бог!)

Ви го честитам државниот празник 8ми септември, денот на независноста на Р. Македонија и ви ветувам дека ќе дадам се од себе како ваш градоначалник да го разубавам и олеснам животот на сите сограѓани!
Имајте убав ден”, пишува лекарот Јовановски кој како што најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оди на победа во трката за градоначалник во Кичево.