Дојранско Езеро преполно со вода, нема кој да го запре дотокот од Ѓавато

„Каналот ‘грга’ вода, го преполни Езерото и не запира, тече и носи вода, плажите ги стесни, прелева преку шеталиштето, ги покри нивите, алги се множат и нема кој да рече стоп, а зашто? Поради еден човек“, вака мештаните ја коментираат новата „драма“ со Дојранско Езеро, кое некогаш испаруваше и беше на умирање, а денес не може да куртули од драматично висок водостој. А зборовите „поради еден човек“ се однесуваат на малата хидроцентрала „Топлец“, која за производство на струја ја користи водата од каналот Ѓавато, изграден пред две децении за да го спаси Езерото од исчезнување.Линк до целиот текст.