Дојран забрани престој на лица кои не се жители на оваа општина

На сите домашни и странски граѓани на кои оваа општина не им е постојано место на живеење ќе им биде забранет престој, одлучи Советот на Општина Дојран.

Со стапувањето во сила на одлуката за вонредна состојба, драстично се зголемил бројот на граѓани кои пројавиле интерес за  престој во оваа општина. Не само сопствениците на викенд куќи, туку пораснал и бројот на лица кои бараат соби за изнајмување во на период од дваесет до триесет дена.

Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран вели дека со оваа мерка се намалува миграција од други населени места во текот на епидемијата.

Ваквиот заклучок општината го доставила и до владата на која што и предлага, но и бара да биде донесена одлука која ќе важи се додека трае вонредната состојба во државата .