Најголемата германска банка Deutsche Bank размислува за купување на дел од имотот на швајцарската банка Credit Suisse, која се соочува со пад на вредноста на акциите, пренесува Bloomberg, повикувајќи се на извори.
Се забележува дека Deutsche Bank ја следи ситуацијата со Credit Suisse и разговара кои аспекти на банката може да бидат интересни за стекнување, вклучувајќи ја и можноста за нејзино купување од најголемата швајцарска банка, UBS.
Според изворите, Deutsche Bank моментално води само внатрешни дискусии и се уште нема дадено никакви предлози.
Швајцарскиот банкарски гигант UBS е во преговори за преземање на целата или дел од банката Credit Suisse, бидејќи финансиската линија за нејзино спасување не успеа да ја врати довербата на инвеститорите, објави денеска Financial Times.
Извор: Фактор