Дојава за бомба и на скопскиот аеродром

Дојава за поставен бомба денеска стигна и до Меѓународниот аеродромот во Скопје.

Преземени се антитерористички проверки, соопшти МВР.

Претпладнево дојави за бомби проистигнаа на електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп

Од МВР посочуваат дека веднаш по добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат мерки за расчистување на случаите.