Според владината фискална стратегија, наредните две години јавниот долг ќе достигне историски највисок раст или во 2022 задолжувањето ќе биде 65,9 проценти а во 2023 година 65,2 проценти од БДП.
Јавниот долг на државата до крајот на оваа година ќе достигне 63.9 проценти од бруто-домашниот производ.
Премиерот Зоран Заев вели дека намалувањето на јавниот долг ќе се прави со поголем раст на БДП, но и намалување на вработените во администрацијата.
Владата вчера ја усвои новата Фискална стратегија за периодот од 2022-2024, со изгледи до 2026 година.
Иако со претходните стратегии се планираше брзо стабилизирање на долгот по ковид кризата – или тој да се врати на старите патеки под психолошката граница од 60 проценти од БДП, сега со новите проекции планот е долгот да расте.
Земјава до март годинава должи 7,1 милијарда евра што е 62,5 проценти од БДП. Од Министерството за финансии не откриваат колку милијарди ќе достигне долгот во наредните години, јави Телма.
За експертите максималното ниво на задолженост на земјава не треба да оди над 60 проценти.
