Од следна учебна година сите „осноцвци“ кои учат на подрачјето на скопската општина Гази Баба ќе добијат бесплатни униформи, објави на Фејсбук традоначалникот Бобан Стефковски според кој за тоа се веќе обезбедени средства.

„Со буџетот за 2023 година, обезбедуваме 12.000.000 денари за набавка на бесплатни униформи за сите ученици.

Со почетокот на учебната 2023/2024 година, учениците од општинските основни училишта во Гази Баба ќе добијат бесплатни униформи.

Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните на општина Гази Баба“, напиша градоначалникот на Фејсбук.