Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди од областа на спортот за 2022 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
Чедо Николовски е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.
Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Атанас Костовски, Зоран Карановиќ, Стојан Андриевски и Ацо Јорданов.
